
Обично чистењето на килимите им го препуштаме на професионалци, но денес ви откриваме природно средство што ги отстранува и тврдокорните флеки за миг! Се прави многу лесно од само неколку состојки, и тоа без грам хемија, а ефектот е неверојатен. Дамите што го испробале се воодушевени.
Состојки: 3 дл јаболков оцет, 7 дл сок од лимон, 1/2 л вода, 1 лажица сода бикарбона, неколку капки етерично масло од цитрус, лаванда или некое друго по ваша желба.
Прво детално поминете го килимот со правосмукалка, а потоа добро истријте го со сунѓер со овој раствор и оставете го да се исуши.
Важна напомена: Лимоновиот сок ги избелува површините на кои се нанесува доколку стои премногу долго на нив, па бидете претпазливи ако имате килим во јаки бои. Во тој случај, не додавајте лимон во растворот.