Skip to main content
Скопје

Отворената шахта во близина на ТЦ Скопјанка доби поклопец

15/04/2025  15:40

Опасноста од отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка е отстранета и ставен е поклопец на истата.

„Голема благодарност до службите во општина Аеродром кои иако не е во нивна надлежност го решија овој проблем во интерес на безбедноста на граѓаните“, велат од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од терен уште упати апел до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итно преземање на соодветни мерки во врска со отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка, која претставуваше опасност и ризик од загрозување на безбедното движење на граѓаните.