Полицијата откри дека момче од селото Ерџелија околу една година живеел во вонбрачна заедница со 14-годишно дете.
-На 21.01.2025, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Свети Николе констатирале дека Л.Ѓ.(23) од селото Ерџелија, светиниколско, околу една година во селото живеел во вонбрачна зедница со 14-годишна девојка од струмичко село. Полициски службеници од ОВР Свети Николе, во содејство со работници од Центарот за социјални работи Свети Николе, ја вратиле малолетничката на нејзините родители. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.