Skip to main content
Скопје, Хроника

Откорнат лим од зграда во изградба во центарот на Скопје утрово повреди велосипедист

15/07/2025  10:24

Утрово во центарот на Скопје, спроти полициската станица „Беко“, откорнат лим од зграда во изградба паднал врз велосипедист кој во моментот поминувал покрај местото на несреќата. Според сведочења на граѓани, лимената конструкција се одвоила поради силниот ветер.

Велосипедистот се здобил со потешки повреди, а на местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош. Очевидци велат дека повредениот бил веднаш пренесен во болница.

Засега нема официјални информации од Министерството за внатрешни работи за причините за несреќата и за здравствената состојба на повредениот.

Настанот предизвика реакции и на социјалните мрежи. Еден од саркастичните коментари што се споделуваат гласи:

„Дупката во сред Центар или позната меѓу сите како местото каде што беше некогашната стоковна куќа Беко? Урбана декорација. Лим што ти паѓа на глава додека со возиш велосипед за да стигнеш на работа? Урбано искуство.“

Повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на денот.

Извор: Скопје инфо