
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Гостивар од Ургентниот центар во Гостивар било пријавено дека кај нив е донесен малолетник со повреда на раката. Полициски службеници извршиле увид и утврдиле дека станува збор за осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, кое се здобило со повредите откако во неговата рака експлодирала петарда.
Поради тежината на повредите, по укажаната прва медицинска помош, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
