Skip to main content
Хроника

Осумдневен притвор за скопјанецот кој ги запали автомобилите на бугарската амбасада

17/06/2026  12:17

Осум дена притвор му е изречен на скопјанецот кој опожари две дипломатски возила пред Бугарската амбасада.

Чеитириесет и четиригодишниот скопјанец, како што пренесоа дел од медиумите, го признал делото во полиција.

Целиот чин беше снимен од надзорните камери,а сторителот идентификуван и приведен истиот ден кога го стори делото.

Инцидентот беше осуден како од македонските, така и од бугарските власти. Според Обвинителството, тој се товари за кривично дело – предизвикување општа опасност.