Skip to main content
Македонија

Осум повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија

02/05/2025  13:22

Осум пациенти денеска се враќаат од лекување во Турција, Бугарија и Словенија, а во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Министерството за здравство.

Дел од повредените, кои изминатиот период се вратија во земјава, веќе започнаа процес на рехабилитација во Општата болница во Кочани, кои во зависност од повредите се третираат на одделенијата за неврологија, хирургија и физикална терапија.

Министерството за здравство посочува дела континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и натамошна рехабилитација.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Дел од повредени беа хоспиталзирани во земјава, а некои беа пренесени на лекување во странство