Skip to main content
Хроника

Осум лица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

12/05/2025  15:50

Вчера на регионален пат Скопје-Тетово, во атар на с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(29) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(53) од Скопје, и притоа се повредени осум лица, меѓу кои има и три деца.