Skip to main content
Свет

Осомничениот за напад со нож во Амстердам е украински азилант

29/03/2025  17:33

30-годишен маж во четвртокот во Амстердам нападна пет лица со нож. Денес се потврди дека осомничениот е Украинец од областа Доњецк.

Полицијата не објавила повеќе информации за неговиот мотив.

Жртви се 26-годишен маж од Полска, 73-годишна Белгијка, 19-годишна жена од Амстердам и 67-годишна жена и 69-годишен маж, двајцата американски државјани.