Skip to main content
Македонија

Османи на Самитот за Одбрана во Атина

19/05/2026  13:09

Бујар Османи

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, ќе учествува на Athens Defence Summit, на панелот „Безбедноста на Европа на раскрсница”, каде ќе се дискутира за новите безбедносни предизвици во Европа по руската агресија врз Украина и импликациите за регионот на Западен Балкан.

Во своето обраќање, Османи ќе нагласи дека на Балканот проблемите ретко започнуваат со безбедносни предизвици. Тие започнуваат многу порано со ерозија на институциите, со напади врз договорите што го гарантираат соживотот и со постепено губење на довербата на граѓаните во државата.

Тој ќе потенцира дека сигурната иднина на Балканот не се зачувува само со безбедносни механизми, туку пред сè со функционални институции, еднаквост, правична застапеност и почитување на политичките договори што го изградиле соживотот во мултиетничките општества.

Османи се очекува да говори и за стратешката важност на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, како проект за комплетирање на Европа и како долгорочна гаранција за мир и безбедност во регионот.