Skip to main content
Скопје

Османи: На 19 октомври народот на Чаир масовно ќе излезе и ќе го порази системот за купување на волјата на граѓаните

29/08/2025  14:36

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, во своето обраќање до јавноста истакна дека во општината се крева ново движење, движење на отпорот и достоинството, кое, како што рече, е поголемо од било која изборна кампања.

Тој потенцираше дека во Чаир веќе се формира движење што има за цел да врати достоинство и ред, со јасна порака дека „Чаир не е приватна сопственост на никого, ниту пак рудник за дијаманти“.

„Се буди движење за достоинство. Движење на отпорот за нов, чист Чаир, со модерни училишта и безбедни улици. Движење што ќе докаже дека Чаир не е приватна сопственост на никого. Мојата улога е само да бидам глас на таа енергија, институционално да ја канализирам. Победата не е моја, победата е на сите граѓани на Чаир, кои ќе се кренат и ќе кажат: доста е,“ порача Османи.