
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Л.(39) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” по член 396 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол калибар 9 милиметри, 61 куршуми калибар 9 милиметри и предмети за лабораториско производство на марихуана, кои нелегално ги поседувал.
Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.