Skip to main content
Скопје

Општина Карпош со повик до граѓаните максимално да придонесат кон подобрување на хигиената 

13/05/2025  21:33

Општина Карпош информираше дека интезивно се работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници.

„Во саботата, на 10 мај, сите вработени од општината беа вклучени на генерално чистење на целата територија на општината. Во текот на вчерашниот ден секторот за екологија изврши темелно расчистување на тревниците од сува трева, искршени гранки, пластики, камења и друг отпаден материјал како и чистење на собирните и станбените улици од насобраниот смет покрај рабниците на тротоарите. Ова темелно чистење во текот на вчерашниот ден беше спроведено во Карпош 3, денеска екипите го расчистуваат Карпош 4, а во текот на утрешниот ден оваа активност ќе се спроведе на територијата на Карпош 1 и Карпош 2“, се вели во соопштението на општината.

Од општината упатуваат апел до граѓаните да придонесат кон подобрување на хигиената.