
Општина Чаир продолжува со реализација на инфраструктурните инвестиции во населбата Стар Чаир, каде што се изведуваат работи за реконструкција на тротоарите, со цел подобрување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста на пешаците.
Увид во текот на работите изврши претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со надлежните служби, при што беше констатирано дека проектот се реализира согласно предвидената динамика.
По завршувањето на реконструкцијата на тротоарите, ќе следува и асфалтирање на улицата, со што целосно ќе се заокружи инфраструктурната интервенција и ќе се подобрат условите за движење во овој дел на Стари Чаир.

Воедно Општина Чаир продолжува со реализација на инфраструктурните инвестиции во населбата Саат Кула, каде што интензивно се изведуваат работи за реконструкција на подземната инфраструктура, како дел од проектот за модернизација на комуналната мрежа и подобрување на условите за живот на жителите.
При увидот во текот на работите од страна на претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, заедно со надлежните служби, беше констатирано дека проектот влегува во својата завршна фаза.
По завршувањето на подземната инфраструктура, наскоро ќе започне и асфалтирањето на улицата, со што целосно ќе се заокружи инвестицијата и ќе се обезбеди модерна и функционална инфраструктура за жителите на овој дел од Чаир.
Општина Чаир останува посветена на реализација на развојни проекти што придонесуваат за модернизација на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на животот во секое маало.

