
Општина Аеродром ја продолжува исплатата на финансиските средства по поднесените барања за еднократна парична помош за првачиња и новороденчиња, потврдувајќи ја својата посветеност кон семејствата и најмладите жители на општината.
Од почетокот на оваа година, 564 семејства што поднесоа барање за новороденчиња, добија по 8 000 денари.
Покрај тоа, Општина Аеродром досега има доделено по 3 500 денари на 350 првачиња, а исплатата на сите преостанати и одобрени барања ќе биде целосно реализирана најдоцна до крајот на оваа година.
Исплатата во претходниот период беше привремено запрена поради одржувањето на локалните избори, а во согласност со ограничувањата пропишани во Изборниот законик.
Со продолжување на овие активности, Општина Аеродром ја потврдува својата трајна заложба за поддршка на семејствата – затоа што секое дете е значаен дел од иднината на нашата општина.

