
По долг период на трпение и многубројни укажувања, Општина Аеродром изрече прекршочна казна во износ од 88.000 евра на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ поради континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на нејзината територија.
Оваа санкција не е политичка, туку институционална како резултат на утврдени пропусти во работата на претпријатието. Дополнително, жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до Општината со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец.
„Како градоначалник, сметам дека ова не е нормална и прифатлива состојба!“, изјави в. д. градоначалникот Дејан Митески и додаде дека Општина Аеродром нема да дозволи да биде заложник на нечија неспособност и неодговорност!
Тој ги повика надлежните од „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за чиста животна средина и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните.
Општината ќе продолжи со засилен надзор и санкции за секој што не ја извршува својата работа. Аеродром заслужува чиста, уредна и достоинствена животна средина!
Остануваме транспарентни и на страната на граѓаните!