Skip to main content
Скопје

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата

09/06/2026  10:30

Општина Аеродром и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината.

Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година.

За поднесување на барањето, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават:

  • Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар;
  • Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето;
  • Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром;
  • Фотокопија од трансакциска сметка.
    Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на следниот линк
    http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari