Skip to main content
Хроника

Опожарено возило во скопски Чаир

23/10/2025  13:56

На 22.10.2025 во 22:10 часот во СВР Скопје Ш.А.(50) од Скопје пријави дека на паркинг простор пред неговиот дом на подрачјето на Чаир, било опожарено патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата фирма. Пожарот бил изгаснат од пријавителот и случајни минувачи.

Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.