Skip to main content
Хроника

Опожаренo возило на Бит пазар во Скопје

11/12/2025  17:39

На 11.12.2025 во 01:20 часот во СВР Скопје, С.Ф.(62) од Скопје пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар било опожарено неговото патничко возило „тојота рав 4″ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.