
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р..
Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран”, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг”, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л..
Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Извршен е увид од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Според неофицијални информации, автомобилот го користел судијата Ѓоко Ристов, чие име во изминатиот период е во фокусот на јавноста поради истрага што ја води Обвинителството. Засега нема официјални информации дека пожарот е поврзан со тој случај.

