
Се прекинува наставата во училиштата во Израел денеска и утре по синоќешните ирански напади врз градовите Димона и Арад.
Министерот за образование, Јоав Киш, изјави дека наставата во сите образовни институции, вклучително и специјалното образование, се откажува во консултација со Командата за цивилна заштита.
„Наставата ќе се организира исклучиво од далечина низ целата земја, вклучително и областите каде што претходно имаше ублажени мерки“, додаде израелскиот министер.
Како што изјави тој, нови проценки на ситуацијата се очекуваат до вторник, кога ќе бидат донесени дополнителни одлуки.


