Skip to main content
Спорт

Омерагиќ нов претседател на ФФМ

22/12/2024  12:40

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска на вонредно собрание во Скопје со акламација го избра Масар Омерагиќ за нов претседател.

Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот за да се постигнат целите. Со работа започнуваме веќе од утре. Имам неколку клучни точки кои ќе ги применам во моето владеење: Враќање на легендите во структурите на македонскиот фудбал. Чест ми е што мојата програма ја покажаа многу истакнати имиња. Фудбал за секое дете. Мојот сон и сонот на секое дете е да прерасне во фудбалер. Регуларно првенство, итно воведување на ВАР, инфраструктура. Да создадеме нормални услови за секој фудбалер. Обединување околу националните селекции, особено околу А селекцијата. Чесност, чист образ и транспарентност. Вратите на ФФМ се широко отворени за сите оние кои се со идеи да помогнат за доброто на фудбалот. Но и затворање на вратата на сите кои работат за лошото на фудбалот. Нулта толеранција за корупцијата во македонскиот фудбал“, изјави Омерагиќ во своето обраќање.

Пред почетокот на официјалниот дел на Собранието се обратија поранешниот претседател Муамед Сејдини, претставниците од УЕФА и ФИФА, и изразија надеж дека фудбалот во Македонија ќе продолжи да се развива. Претставниците од УЕФА и од ФИФА го честитаа првото место во Лигата на Нации на репрезентацијата, и изразија надеж на уште позасилена инфраструктура за развој на фудбалот.