Skip to main content
Спорт

Оклахома го декласира Кливленд во НБА дербито

17/01/2025  11:55

Оклахома Сити ги совлада Кливленд Кавалирс со 134:114 во дербито на НБА.

Двата тима влегоа во овој натпревар како лидери на нивните конференции и единствени тимови кои се уште имаат едноцифрен број на порази. По дербито двата тима имаат по 34 победи и шест порази.

Шеј Гилџис-Александер уште еднаш покажа зошто е меѓу кандидатите за наградата за најкорисен играч во лигата. Предводникот на Тандер за помалку од половина час на теренот постигна 40 поени (17/26). Тој е првиот во историјата на франшизата што го постигнал ова, а втор во историјата на НБА.

Тој имаше и осум асистенции, три скока и две украдени и две загубени топки. Лугенц Дорт додаде 22 поени, Џејлен Вилијамс 19 со шест скока и пет асистенции, Ајзеа Џо 12, Бренден Карлсон 11, а Алекс Карузо 10 поени.

Најдобар играч на Кливленд беше Дариус Гарланд со 20 поени и девет асистенции. Ален додаде 13, а Џером 12 поени. Никој веќе не беше двоцифрен.

Донован Мичел имаше ноќ за заборав постигна само осум поени, погоди само три од 15 обиди од поле.

Кливленд се држеше до средината на првата четвртина и резултатот беше 12:12, кога Оклахома пред крајот на воведните 12 минути тргна во серија од 20:2 и практично го реши победникот.

На крајот на третата четвртина Тандер имаа огромни 42 поени предност.

НБА, резултати:

Детроит Пистонс – Индијана Пејсерс 100:111
Вашингтон Визардс – Феникс Санс 123:130
Оклахома Сити – Кливленд Кавалирс 134:114
Портланд Трејл Блејзерс – Лос Анџелес Клиперс 89:118
Сакраменто Кингс – Хјустон Рокетс 132:127