Skip to main content
Македонија

ОЈО: Скопјанец го нападнал татко си, ја влечел мајка си по подот и истурил вода врз неа

28/03/2025  16:47

Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 39-годишен жител на Петровец под сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда, согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 27 март осомничениот при семејна расправија физички го нападнал својот татко, удирајќи го со шлаканици по лицето. Потоа, агресијата ја насочил кон мајка си – ја турнал на подот, ја влечел за нозете, а потоа ја однел во кујната и врз неа истурил шише вода.

Истрагата утврдила дека осомничениот веќе е обвинет за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на својата сестра, предмет што е во фаза на судење. Со оглед на тоа што обвинетиот не ги почитувал претходно изречените мерки на претпазливост, јавниот обвинител побара од судот да му определи мерка притвор.