Skip to main content
Македонија

ОЈО отвори истрага за разбојничка кражба

18/12/2025  16:13

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 36-годишно лице, осомничено за сторено кривично дело разбојничка кражба. Според информациите од обвинителството, на 15 декември, околу 2 часот по полноќ, осомничениот влегол во незаклучена куќа на улицата „Елпида Караманди“ во Битола, каде пребарувал низ просториите и одзел 2.500 денари.