Skip to main content
Свет

Огромни бранови во Австралија, пет лица се удавија, двајца исчезнати

19/04/2025  21:55

Пет лица се удавија откако силни бранови погодија делови од австралиското крајбрежје на почетокот на велигденскиот викенд, јавува Би-би-си. Две лица се уште се водат како исчезнати во државите Нов Јужен Велс и Викторија. Во саботата, телото на маж беше пронајдено во морето кај Татра, во јужниот дел на Нов Јужен Велс. Еден ден претходно, тројца мажи, меѓу кои и 58-годишен рибар, загинаа во таа држава.

Спасувачите трагаат по маж кој морето го однело кај Сиднеј. Во петокот, една жена се удави, а еден маж исчезна во Сан Ремо, Викторија, откако нивната група беше однесена во морето од бран. „Една од жените се врати на брегот, но другата жена и маж не успеаја“, соопшти полицијата на Викторија.