Skip to main content
Спорт

Ограбена репрезентацијата на Англија во САД

13/06/2026  10:52

Фудбалската репрезентација на Англија се соочи со непријатна ситуација пред првиот натпревар на Светското првенство против Хрватска.

Според британските медиуми, дел од опремата на англиската репрезентација била украдена за време на транспорт кон Канзас. Меѓу украдените предмети се копачки, тренинг-топки и тактички табли што селекторот Томас Тухел ги користел за подготовка на тимот.

Кражбата била извршена со провалување во возилата што ја превезувале опремата. Според Би-Би-Си, две лица се уапсени, а истрагата е во тек.