Skip to main content
Хроника

Ограбена градинка во Бутел – не е ниту прва кражба во градинката

23/01/2025  19:23

“Кражба се случила во градинката 11 Октомври во скопско Бутел, каде крадците овојпат одзеле два телевизори. Ова не е прв грабеж што се случил во оваа градинка, сличен случај имаше и минатата година. Според информациите на Алсат, овој случај веднаш бил пријавен во полиција по алармот што се случил, додека директорот денеска не сакал да зборува пред камери.

Според граѓаните, повеќето портали пишувале за овој случај дека кражбата се случила во градинка во Чаир, додека всушност оваа градинка е во општина Бутел. Ваквите случаи ги опишуваат како срамни и додаваат дека државата треба да има поголема безбедност кога се во прашање дневните центри.

„Ова е работа на државата, на полицијата, која не ги штити, туку се занимава со други работи што не треба да се прават. Тие рекоа дека овој случај е повторен. Не знам што да кажам. Како вие како граѓани го коментирате овој случај како појава што не треба да се случи? Ова никогаш не треба да се случи, но се случува, а тоа се должи на лошата организација на државата и културата на луѓето“, велат граѓаните.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на овој случај. Ова не е прв пат крадци да ограбуваат дневни центри кај нас. Во 2022 година од градинката „Димче Мирчев“ во Велес, разбојници од магацинот однеле прехранбени производи како брашно, масло за јадење, шеќер и сол. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи, кај нас годишно во просек се случуваат околу 3.000 кражби, и 10.000 тешки кражби.

Извор: Алсат М