
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, објави видео од големиот пожар кај селото Лозани, битолско.
„Пред малку селото беше во опасност, куќите се веднаш зад нас. Благодарение на пожарникарите од Битола и локални селани спречена е катастрофа, но опасноста продолжува“, рече Ангелов.

