
На 17.04.2025 во 10.45 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.Ј.(49) од с.Сарај, Скопско.
При гранична контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, било барано по Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, а возилото му било одземено.