Skip to main content
Скопје

Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот

15/12/2025  09:08

Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026.

На настанот што ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.