
На улица „Македонија“ денеска со почеток од 17 часот, Светскиот ден на уметноста ќе се одбележи со настанот „Центарски улици 3“.
Ќе настапат улични живи статуи од продукцијата Театроск, во живо ќе сликаат учениците од Државното средно училиште Лазар Личеноски, ќе има и ДЏ Сетови, ќе се одигра кореодрамата „Самоти(и)ја“ со Енџи Николоска и Бојан Лазаров, а ќе се случи и подвижниот акт именуван „ЗАЕДНО“ кој ќе се создаде на работилницата на пантомима и уличен театар, акт кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во РСМ (ЕУ за тебе).
Центарски улици 3 – Светски ден на уметноста е проект поддржан од програмата за култура на Општина Центар.