Skip to main content
Скопје

Од утре до петок посебен режим на сообраќајот низ Скопје

08/04/2025  18:51

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Р. Северна Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Р. Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.