Skip to main content
Македонија

Од утре целосна блокада за товарни возила – Грчките земјоделци ја затвораат границата 48 часа

07/01/2026  23:28

Од утре, 8 јануари 2026 година, со почеток во 10:00 часот, граничниот премин Меџитлија (Ники) ќе биде целосно затворен за товарниот сообраќај. Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), блокадата е поради протест на грчките земјоделци, кои најавија радикализација на своите активности.