
За албанските пензионери од први март почнува исплата на пролетен бонус, за што се предвидени 62 милиони евра.
Врз основа на одлуката на Владата ќе бидат опфатени 730.430 пензионери, поделени во две категории. Оние кои примаат пензија помалку од 200 евра или 520.443 пензионери ќе добијат по 100 евра, додека бонус од по 50 евра ќе добијат 209.987 кои примаат пензија повисока од 200 евра.
Албанските пензионерите добија и предновогодишен бонус, кога оние од првата група добија по 200, додека другите по 150 евра, што беше трипати повисок износ од претходно исплатениот бонус, за што владата издвои 100 милиони евра.
Како што тогаш изјави премиерот Еди Рама оваа разлика меѓу првата и втората група, не се прави за да се даде „помалку на оние кои имаат повисока пензија, туку за да се даде повеќе на оние кои имаат помала пензија“