Skip to main content
Економија

Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

27/04/2026  13:22

Согласно одлуката на РКЕ од вечерва на полноќ цената на дизел горивото се намалува за два и пол денари, додека бензините поскапуваат за два денари.

Со тоа, новите максимални цени ќе изнесуваат: еуросупер БС-95 – 82,50 денари за литар; еуросупер БС-98 – 84,50 денари за литар; еуродизел – 91,50 денари за литар; екстра лесно масло –  96,00 денари за литар; мазут – 46,656 денари за килограм.

Од РКЕ додаваат дека како и досега, станува збор за максимално дозволени цени, што значи дека трговците можат да ги формираат и на пониско ниво.