Skip to main content
Македонија

Од денеска од Охрид ќе се лета и до Виена

21/06/2026  09:01

Од охридскиот аеродром од денеска се воспоставува нова авиолинија од Виена до Охрид што ќе ја реализира Austrian Airlines.

По повод пристигнувањето на првиот лет од Виена до Охрид најавена е прес-конференција на Охридскиот аеродром на која ќе се обратат генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, како и Матијас Хуменбергер, заменик шеф на Мисијата во Австриската амбасада во Скопје и Штефан Линхарт, виш директор за продажба за Централна и Источна Европа, Израел и Турција во групацијата Луфтханза.