
Метео анализа на Славчо Попоски:
Почнувајќи од четврток па во деновите потоа територијата на Македонија влегува во нов многу поладен и понатаму влажен период и тоа поради продор на многу поладен воздух од север. Во ваква ситуација честите врнежи од дожд кои ги очекуваме деновиве од четврток (8 Јануари) ќе бидат постепени заменети со врнежи од снег најпрвин на повисоките населени и планиски места а потоа и во градовите.
Повеќе врнежи ќе има во западните предели каде на повисоките населени и планински места ќе се формира позначителна снежна покривка (Над 20/30 сантиметри) а во градовите во западна Македонија ќе се формира снежна поркивка од 5 до 10 сантиметри, локално и над 15 сантиметри. Во Пелагониско ќе се формира снежна покривка 2 до 5 сантиметри а во источните и во североисточните предели таа ќе биде малку поголема и локално ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри. Без снег и снежна покривка ќе останат централните и југоисточните предели од Македонија.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од западен и од северозападен а потоа од северен правец. Температурите нагло и значително ќе опаднат со што повторно ќе се создаваат услови за појава на голомразица од четврток (8 Јануари).
Во следните мои метео објави следува нова, детална и обновена метео анализа околу овој нов продор на ладен воздух од север кој ни носи и снег.
