Skip to main content
Македонија

Очекувањата од староновиот американски претседател

21/01/2025  20:56

Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски

Немам никакви дилеми дека инагурација на Американски претседател (генерално) е најголемиот политички настан на денешнината, и тоа секоја нова инагурација е се поголем и поголем спектакл од предходниот. Нешто во што и самите Американци уживаат во глетката да се покаже сета моќ која ја има Соединетите Американски Држави и која знаат да ја манифестираат. Разликата од предходните инагурации е тоа што сега го имаме старо-новиот 47ми Американски претседател Доналд Трамп кој е контраверзна личност од повеќе аспекти.

Она што е евидентно овие два дена е промоцијата на самиот настан преку социјалните медиуми особено на мрежата “X” на која сопственик е уште една личност со слични перформански како и претседателот Трамп а тоа е Илон Маск кој воедно на многу интересен и несекојдневен начин ја одработи кампањата за претседателот Трамп на социјалните медиуми со што ја доближи вистината до луѓето и му даде значење на слободата на говорење наспроти пропагандата на големите медиумски магнати кои редовно ги поддржувале демократите.

Во контекст на очекувањата од престојниот мандат на претседателот Трамп имам чувство дека нема држава во светот која не очекува дека ќе се случат тектонски промени пред се во позитивна смисла, со што се создава убаво чувство кај луѓето дека одредени негативни процеси ќе запрат. Но дали тоа е навистина така, дали тоа ќе се рефлектира во релалниот живот на човекот, дали навистина старо-новиот Американски петседател е спасителот исто како во новиот филм на режисерот Џемс Гун Супермен.

Искуството од неговиот прв мандат како претседател е тоа дека тоа не беше мандат на војни и страдања односно целиот негов ангажман кој пред се е многу прагматичен беше насочен кон градење на мостови и поврзување преку економијата, па оттаму многу пореално е да се очекува тој тренд на раководење да продолжи и сега во овој негов нов манадат.
За нашата држава Македонија од секогаш стратешки значајно е да бидеме на страната на Соединетите Америкснаки Држави и да покажеме дека го негуваме и јакнеме тоа партнерство без никако колебање.

Со таков пристап ќе имаме многу подобра позиција во генералната стратегија на поставена на шаховска табла. Затоа и кај нас во Македонија многу позитивно одекна победата на претседателот Трамп која ги подигна очекувањата кај нашите граѓани на едно повисоко ниво дека состојбите ќе се подобруваат, но сега се поставуват дилемите дали нашите очекувања за сето тоа се реални, дали би можеле ние да бидеме интерсни за новата администарција на Американскиот претседател Трамп, но и да го задржиме нивното внимание кон нас.

Конечно, да бидеме реални и да се погледнеме, ние сме тие кои треба да си ги решиме домашните проблеми и тоа буквално во сите сфери на општественото живеење како што се економијата, екологијата, здравството, судството, образованието, безбедноста итн., и тоа е едниствено наша и само наша обврска како држава а особено на оние кои се носители на одговорни позиции во државата. Но не е ерес и грев ако се надеваме и очекуваме дека евентулано Американскиот претседател Трамп ќе ја посети нашата држава (што лично не верувам дека тоа ќе се случи) и дека од нашиот главен град Скопје да испрати јасна порака до Светот дека тој лично а со тоа и неговата администрација не поддржуваат силно, јасно и недвосмислено, исто така не е ерес и грев да очекуваме дека лично како светски авторитет претседателот Трамп ќе се вклучи и ќе се завземе да го реши спортот со соседна Бугарија и тоа со силен притисок кон бугарската страна да отспаи од своите барања. Да се потсетиме дека во сега веќе далечната 2008 година тогашниот Американски претседател Џорџ Буш се обиде да биде медијатор во спорот со соседна Грција за што на гала вечер во организација на „Македонија 2025“ тогашниот премиер на Македонија Никола Груевски му врачи Орден на претседателот Џорџ Буш.

На крајот и не е толку лошо да се надеваме и да очекуваме дека администарцијата на старо-новиот претседател Доналд Трамп ќе има големи симпатии кон нашата држава и ќе испратат позитивни сигнали за нашиот интегративен пат, но сепак ќе повторам дека наше е да си ја завршиме домашната задача и да го реформираме и реогранизираме нашиот општествено-политички систем и тоа реално, а не декларативно со празни ветувања и популизам.

Да се надеваме и да очекуваме…….