Skip to main content
Балкан

Обвинителството во Белград бара од полицијата да ги утврди сите факти за инцидентот во српското Собрание

04/03/2025  21:20

Основното јавно обвинителство во Белград соопшти дека во врска со денешните инциденти во српскиот Парламент, испратило барање до полицијата да ги собере потребните информации за да се идентификуваат сторителите.

Дежурниот јавен обвинител во тоа обвинителство барањето го упати и поради „постоење суштински елементи на тешки кривични дела против јавната безбедност“, соопштија од обвинителството.

На полицијата и е наредено да ги утврди фактите и да ги собере сите докази за да го утврди идентитетот на лицата кои ги внеле и употребиле пиротехничките средства, и како тие биле внесени во просториите на српскиот Парламент.

Во соопштението се наведува и дека „наредено е да се утврди идентитетот на лицата кои фрлале разни предмети и со тоа им нанеле повреди на пратениците“.

Наложено е и утврдување на идентитетот на повредените пратеници, како и собирање медицинска документација за повредите“, се наведува на веб-страницата на Обвинителството.

По утврдувањето на „целосните и точни факти“, јавноста ќе биде информирана за понатамошните активности, се додава во соопштението.