Skip to main content
Македонија

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица за пожарот во Кочани

19/03/2025  13:38

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера им е изречен краткотраен притвор уште на две лица.

Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што се уште траат обемните дејствија на прибирање докази за формално почнување на истрагата.

На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој се уште трае.

Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а повредени се повеќе од 180 лица