Skip to main content
Македонија

Обвинителството бара 30-дневен притвор за Бектеши и уште тројца поранешни функционери од Министерството за економија

20/03/2025  22:50

Јавното обвинителство побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за уште тројца раководни лица од Министерството за економија, дознаваме од извори во истрагата.

Претходно, ваква мерка беше побарана само за седуммина полициски службеници осомничени за истиот случај.

Дополнително, вечерва во судот беа донесени и тројца поранешни градоначалници на Кочани, кои исто така се под истрага. Обвинителството најавува дека истрагата се проширува и дека во наредните денови ќе следуваат нови детали за вмешаноста на останатите осомничени.