
Јавното обвинителство побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, како и за уште тројца раководни лица од Министерството за економија, дознаваме од извори во истрагата.
Меѓу оние за кои е побарана мерката притвор се и поранешната државна секретарка Размена Цекиќ, како и раководителот Беким Хаџиу. Тие се првите три лица за кои се отвора истрага и се бара притвор во рамките на пошироката истрага што опфаќа повеќе од 20 осомничени.
Претходно, ваква мерка беше побарана само за седуммина полициски службеници осомничени за истиот случај.
Дополнително, вечерва во судот беа донесени и тројца поранешни градоначалници на Кочани, кои исто така се под истрага. Обвинителството најавува дека истрагата се проширува и дека во наредните денови ќе следуваат нови детали за вмешаноста на останатите осомничени.