Search

Обвинета била претепана за први мај и не дојде на судење – ТНТ одложен

Обвинетата Марика Зафировска во случајот „ТНТ“ за уривање на комлексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, била нападната и претепана на 1 мај и поради болничко лекување не дојде на денешното судење.

Адвокатот на Зафировска, Донче Наков го извести судот дека Зафировска и нејзиниот сопруг биле нападнати и претепани на 1 мај во викендичка во Катланово, по што, со возило на брза помош биле пренесени во болница. Поради повреди на нозете, главата и `рбетот, не можела да се движи и e на боледување до 15 мај.

Во судницата денеска не се појави и адвокатот Боро Тасевски, бранител на Тони Трајковски, ексградоначалник на Гази Баба. Судијата Огнен Ставрев реагираше на неговото отсуство, бидејќи адвокатот отишол во Струга да го подготвува собранието на Адвокатската комора.

Ставрев рече дека планирал да го казни Тасевски и да ги сноси сите трошоци доколку не беше отсутна обвинетата Зафировска. Побара од Трајковски да не дозволи отсуство на адвоктатот во иднина. Во судница беа присутни обвинетите Миле Јанакиески, Никола Груевски, Тони Трајковски. Судот го одреди 11 јуни за нов датум за судење.

Треба да знаете
Последни објави