Skip to main content
Свет

Објавена снимка од моментот кога подморницата во Египет почнува да тоне, загинаа шест лица

28/03/2025  11:39

Неколку минути пред да нурне во морето, екипажот на туристичката подморница Синбад им признал на клиентите дека не знаат да пливаат. Овие зборови патниците ги сфатиле како шега додека не почнале да тонат, дознава руски „LIFE“.

Според очевидци, пред да заминат на туристичко патување со подморница, туристите биле однесени со брод на околу километар од брегот. По некое време почнале да се качуваат на „Синдбад“, но подморницата наеднаш почнала да тоне. Во тој момент отворите на подморницата биле отворени, а многу туристи немале време ниту да се симнат до одделот за набљудување.

Како што пишува „LIFE“, тоа им го спасило животот.

На социјалната мрежа Телеграм е објавено видео од моментот кога подморницата почнала да тоне.