Skip to main content
Свет

ОАЕ ќе вложи 800 милиони долари во сириското пристаниште Тартус

16/05/2025  11:12

Владата на Сирија потпиша меморандум за разбирање со државна компанија од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) за инвестиција вредна 800 милиони долари во пристаништето Тартус.

Договорот за изградба и управување со повеќенаменскиот терминал во Тартус вклучува соработка во воспоставувањето индустриски и слободни трговски зони.

Сирија се обидува да привлече странски инвестиции со цел да ја зајакне уништената економијата од граѓанската војна. Договорот со ОАЕ уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги укина сите санкции против Сирија