Search

Oхриѓани згрозени, колеле јагне на тераса во центар на Охрид

Во центар на Охрид на тераса на еден од становите кај Билјанини извори дека се колело јагне пред публика. На социјалните мрежи кружат фотографии и видеа за целата постапка која траела неколку часови. Соседите велат дека повикале и полиција но полицајците не можеле да направат многу во целата ситуација. Како што може да се види од фотографиите најголем дел од публиката се деца. Според очевидиците направен е записник, но постапката продолжила се до складирање на месото.

Во моментов во паркот на зградата за колењето сведочат остатоци од органи и крв. Деновиве Агенцијата за храна апелираше до гражаните месо да купуваат од месарници, а не од диви пазари каде истото нема сетификати.

-Во пресрет на големиот муслимански празник Курбан Бајрам, како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, каде нема гаранција за здравствената состојба на животните, со што во прашање се доведува здравјето на купувачите, а во услови на потврдено присуство на болеста син јазик кај овци и кози и во прашање се доведува и здравствената заштита на оваа категорија животни- велат во Агенцијата.

Со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и да се гарантира консумација на безбедно месо кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира граѓаните да не купуваат животни од диви пазари, односно месо да набавуваат од одобрени месарници.

Движењето на животните  да се врши исклучиво со поседување на сертификат за здравствена состојба на секоја единка а колењето да се врши во одобрени кланици од страна на Агенцијата. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за внатрешни работи ги засили контролите на движењето на животните.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави