
Денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
Денес на главната расправа продолжуваат воведните обраќања на одбраната на обвинетите.
Претходно, сите обвинети негираа вина за делата што им се ставаат на товар.
Првообвинетиот Дејан Јованов на последното рочиште изрази каење за пожарот упатувајќи сочувство до семејствата на загинатите и повредените.
Пожарот во дискотеката Пулс е најголемата трагедија во независна Македонија каде загинаа 63 лица а над 200 беа повредени.
