Skip to main content
Свет

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал

28/08/2026  21:20

Властите на Непал издадоа ново предупредување од опасност од поплави по зголемениот водостој на реката Боте Коши.

– Повторно е зголемен водостојот на реката Боте Коши, а на жителите по должината на реката Тришули до Маглинг им се препорачува да останат на безбедни места и да останат во состојба на зголемена готовност до понатамошно известување, се наведува во предупредувањето.

Реката Боте Коши извира во Тибет и се влева во непалската река Тришули, која на крајот се влева во Индија како река Гандак.

Според најновите податоци, бројот на жртвите во поплавите што ги погоди Непал и Тибет загинаа 567 луѓе, 1.024 се водат како исчезнати, а 101 човек се повредени.

Амбасадата на САД во Катманду соопшти дека во Непал пристигнала првата пратка итна помош, што вклучува и 2,5 тони храна.

Претходно, Европска Унија соопшти дека издвоила два милиона евра за хуманитарна помош за Непал. Доделените средства се наменети за покривање на итни потреби за здравствена заштита, храна, засолништа и вода.

Според процените на Црвениот крст, околу 93.000 луѓе се загрозени, а според Агенцијата на Обединети нации за деца соопшти дека на најмалку 17.000 деца им е потребна помош. Поплавата уништи 18 училишта, а уште 20 се оштетени.