Skip to main content
Скопје

Ново катче за жителите на Аеродром – започна уредување на сквер кај „Стела“

23/04/2025  15:27

Општина Аеродром добива ново современо уредено катче – сквер меѓу кулите кај поранешната слаткарница „Стела“, во внатрешниот дел покрај булеварот АСНОМ, во населбата Јане Сандански.

Во рамки на проектот ќе се реконструира и детското игралиште, каде ќе бидат поставени нови реквизити и специјализирана подлога, која овозможува безбедна и безгрижна игра за најмладите.

Проектот е финансиски поддржан од Владата и е во вредност од 10 милиони денари.

Со оваа инвестиција, Општина Аеродром продолжува со заложбите за унапредување на квалитетот на урбаниот живот и создавање пријатни и функционални јавни простори за жителите.